На сведочењето за „Тортура“

Новинарката Трајковска потврди дека „бомбите“ со Камчев се автентични

Новинарката Оливера Трајковска потврди дека прислушуваните разговори од кои дел беа пуштени во јавноста, а се доказ во постапката за „Тортура" се автентични. Трајковска денес сведочеше пред Орце Камчев за случајот со апсењето на Љубе Бошкоски и пред судот рече дека за неа не е спорно дека тие разговори се автентични, дека истото тоа веќе го кажала пред обвинителите на ОЈО, како и дека нема што посебно да дополни.

Пред судот новинарката рече дека не помни датуми, туку настани.
„Разговарав со Орце Камчев и тоа сум го потврдила во СЈО. Кажувам дека сум разочарана од настаните, а Јодран ми соопштува дека нешто ќе се случува за еден час. Тој ми вели дека знае од „пријателот" кој всушност е Сашо Мијалков. Јас го викам телефонистот. Се сеќавам живо на разговорот од снимката е зашто тоа е ден после изборниот резултат и победата на ВМРО-ДПМНЕ", рече новинарката Трајковска.

Прашана дали има нешто да додаде, а не била прашана, Трајковска одговори дека има да одземе, но тоа најверојатно нема да и е дозволено.

Третиот сведок, повикан за денешното рочиште Иво Котевски, не беше присутен, поради неможност на органите за прогон за негово лоцирање на адресата на живеење.

Во „Тортура" заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки и уште петмина припадници на единицата.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе