Новинарите не присуствуваат на судењето за „Монструм“

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година продолжи денеска во Кривичниот суд без присуство на јавноста. Во судница се прикажуваат докази обезбедени со посебни истражни мерки, а дозволено е присуство единствено на стручна јавност.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев. Предметот се наоѓа во доказна постапка, а јавноста беше исклучена и од минатото рочиште.

„Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде СЈО.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе