Поранешниот претседател на судот бара да му се укине притворот

Новинарите добија забрана за користење мобилни и излегување од судница на судењето за Панчевски

Поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски на почетокот на денешното судење во Основниот суд во Велес побара да му се укине притворот оти до денес не добил решение по жалбата да биде разрешен од судската функција, пренесе ТВ Сител од Велес. Судијата кој го води предметот Валентина Ѓорѓиевска на почетокот на судењето на бројните новинарски екипи им забрани да ги користат телефоните за информирање на јавноста и побара да ги приложат на видно место на обвинителната маса.

Дополнително забрани телевизиските новинари во текот на судењето да излезат од судницата и известуваат во живо и објасни дека ако тоа го сторат немаат право да се вратат во судницата.

Судечкиот совет, со кој претседава судијката Ѓеоргиева даде пауза со цел да се провери дали му е одземен имунитетот на судијата Панчевски.

Панчевски треба да одговара за злоупотреби на Акмис системот.

На последното рочиште на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него.

После пет дена, на 15 јули, Панчевски сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје" во Шуто Оризари.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе