Основен суд Скопје 1

Денес нови рочишта за „Траекторија“ и „Тендери“

Нови рочишта за случаите „Траекторија" и „Тендери" на СЈО денеска треба да се одржат во Кривичнот суд во Скопје. Случајот „Траекторија" се наоѓа во доказна постапка,а обвинети се експремиерот Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП „Државни патишта", Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, тие во 2012 година и 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во „Тендери", првообвинета е ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014".

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе