Нови 30 дена притвор за Камчев, притвор во отсуство доби и бегалецот Груевски

Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за одредување мерка притвор, односно продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно".

Оваа одлука на Кривичен суд Скопје, следеше откако денеска ОЈО ГОКК, поднесе обвинение за наведениот случај. Освен за осомничениот Камчев, судот му определи мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода и на првоосомничениот, бегалецот и поранешен премиер, Никола Груевски.

Мерки на претпазливост за како што известија од судот им биле определени и на осомничените Н.Ј. и Р.К.К.

Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно" e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите.

Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување, соопштија од Кривичен суд.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе