Апелациски суд Скопје

Нови 30 дена притвор за Орце Камчев и другите обвинети во „Империја“

По вчерашното одбивање на Апелацискиот суд на жалбата на одбраната на бизнисменот Јордан Камчев за укинување на куќниот притвор, денеска е донесено решение за продолжување на мерката притвор од 30 дена во врска со случајот „Империја" на Специјалното јавно обвинителство.

Притворот е продолжен и за неговите соработници Ненад Јосифовиќ, и директорот на „Пелагонија“ Цветан Панделески. За директорот на фирмата „Ексико“ Тодор Мирчевски предвидени се мерки на претпазливост. Предогот за продолжување на притворот на Камчев, Јосифовиќ и Панделевски е дојден од СЈО. 

Притворот за Сашо Мијалков истекува кон крајот на месецов, па за него дополнително ќе се одлучува.

Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои се и Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година. 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе