Случај „Рекет“

Нови 30 дена притвор за Боки 13 и Зоки Кичеец

Кривичниот суд денеска го одобри барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција за продолжување на притворот за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како ‘Рекет’, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, соопшти Кривичниот суд.

Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе