Кумановски суд

Новата пресуда за малиот Алмир повторно ги разбранува политичките и меѓунационалните односи

Селективна пресуда. Неприфатлива пресуда. Треба да прекинат ваквите дискриминаторски пресуди на македонските судови. Ова се првичните реакции на политичките партии на Албанците од Македонија по вчерашната судска пресуда за случајот со убиството на малиот Алмир Алиу во Куманово.

„Скандалозна одлука судот која докажува дека и понатаму се спроведува селективна правда во земјава. Една одлука е за Македонецот, друга за Албанецот, тоа е неприфатливо и затоа е потребен итен ветинг за да се прекине ова дискриминациска и селективна пракса на судовите“, ДУИ.

Алмир е убиен по трет пат, велат од Алијанса за Албанците.

„Сведоци сме дека и овој пат е спроведена селективна правда. Трет пат е убиен малиот Алмир, а што е уште полошо, казнети се и роднините на малиот Алмир. Со прогласување на судската одлука беше јасно дека станува збор за казна која не е занована на докази кои јасно покажуваа кој беше убиецот, а кој оштетениот“, изјавиа од Алијанса за Албанците.

За Движењето Беса, казната за Бобан Илиќ со шест години затвор покажува дека овој случај е политички монтиран исто како и многу други случаи.

„Движењето Беса остро ги осудува селективните судски одлуки и смета дека ова е уште еден монтиран политички случај во низа. Бараме од сите надлежни институции, сериозно да ги земаат случаите како овој на Алмир, целосно да се разјаснат и да нема селективна правда, едно за Албанците, друго за Македонците“, изјавиа од Беса.

Партиите исто така сметаат дека со ова одлука на кумановскиот суд, уште еднаш се потврдува дека реформите во судството не се спроведени.

Бобан Илиќ во 2016 година со своето возило го усмрти четиригодишниот Алмир Алиу. Шест години затвор за него е повторната пресуда на Основниот суд во Куманово.

Судијката која постапуваше по предметот воедно донесе одлука, во конечната пресуда, на осудениот Бобан Илиќ да му се пресмета и времето поминато во притвор. Судијката Денкоска во текот на повторното изрекување на пресудата рече дека и при повторувањето на случајот, судот не мисли дека постои каков било доказ или факт кои би влијаеле на менување на првата пресуда.

Таткото на Алмир, Седат Алиу рече дека повторувањето на одлуката е уште едно убиство на неговото дете. Додава дека не е изненаден од одлуката бидејќи според него се гледа јасно дека овој суд работи против Албанците.

„Повторното судење е еден вид убиство за нас. Ние го очекувавме ова бидејќи знаеме како постапуваат Македонците со Албанците. Кумановскиот суд нема никаков интерес за Албанците кои живеат во Куманово, за разлика од Македонците. Целосно сме запоставени. Сега очекуваме од Апелацискиот суд во Скопје. Ќе продолжиме. Ова денеска го очекувавме, знаевме дека повторно ќе има таква одлука“, рече Алиу.

Овој случај е вратен на повторно судење токму затоа што се откри дека експертите кои го правеле вештачењето биле со невалидна лиценца. Но, Кумановскиот суд повторно ги зема предвид овие вештачења и донесе иста пресуда со образложение дека иако експертите биле со невалидни лиценци, тие фигурирале во регистарот на Министерството за правда како законски експерти, велат адвокатите на Алиу.

Убиството на 4-годишниот Алмир Алиу се случи на 25 јуни 2016 како последица на вербална расправија меѓу родителите на Алмир и Бобан Илиќ кој го прегази Алмир со својот автомобил.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе