Сведочења во „Монструм“

Ниту Јанкулоска, ни Радникот не знаеле за натписот „Ќе биде крвав Велигденот“

Ниту поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ниту поранешниот директор на БЈБ, Љупчо Тодоровски Радникот не знаеле за испишани натписи со содржина „Ќе ви биде крвав Велигденот". На денешното рочиште за случајот „Монструм" меѓу останатите прашања околу настанот, од родителите на убиените момчиња поранешните челници на МВР и БЈБ добија прашање и дали знаеле дека во црквата во населбата Ченто неколку дена пред да се случи масакрот кај Смилковското езеро во 2012 година со спреј биле испишани зборовите дека „Ќе биде крвав Велигденот".

„Неколку дена пред настанот во црквата во населбата Ченто беше испишано дека ќе биде крвав Велигденот. Земен бил отисок од нога и сквернавена била црквата. Полицијата била на местото. Дали вие знаете за таков настан и знаело ли МВР дека ќе се случи вакво нешто", прашаа родителите на убиените момчиња.

Јанкулоска на ваквото прашање одговори дека не се сеќава дека е пријавен ваков настан, но дека доколку има вакво нешто тоа сигурно е заведено во дневната книга на МВР.

„Доколку има ваков настан, тоа сигурно го има во дневната книга на МВР и овој настан треба да е заведен, иако мене не ми е познато", одговори Јанкулоска.

Поранешниот директор на БЈБ, Тодоровски рече дека ниту тој немал сознанија за ваков натпис, а ниту пак БЈБ имало какви било информации или сознанија за тоа дека ќе се случи нешто лошо. Доколку имале, како што рече, сигурно дека ќе биле направени напори за да се откријат сторителите и дека ќе направеле се за да се спречи настанот.

На денешното рочиште за „Монструм" Јанкулоска сведочеше околу три часа, а Тодоровски околу еден час. По него требаше да сведочи Синиша Алексовски, но бидејќи беа долги претходните две сведочења овој сведок пред судот ќе треба да се појави на 27 февруари.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и обвинителот Џелал Бајрами, ќе сведочат на следното рочиште за случајот „Монструм", кое е закажано на 21 февруари. 

К.Д.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе