За „27 април“

Нинџа знаел за упадот, ама не влегол во Собранието и не тепал, рече Кацарска пред пресудата

Судијката Добрила Кацарска во образложението пред пресудата за „27 април“ рече дека обвинетиот Александар Николовски-Нинџа знаел за упадот, ама не влегол во Собранието и не тепал.

„Обвинетиот Абдуљфета Алими не презема ништо, а во себе ги носи клучевите, но судот не може е да не каже дека заради овој обвинет Села остана жив. Не може да не се спомене дека Влатко Трајковски прска со ПП апарат, како и дека Ченто го удира Заев, а Младен Додевски му задава удар на Села. Игор Југ се гледа дека се допира на половината каде носи темно сив предмет. Нинџа знаел дека групата ќе влегува во Собранието и ќе носат фантомки, но Нинџа не влезе во Собрание и не презеде дејствија. Никола Митревски Кољо безмилосно го удира Александар Јанковиќ. И заштитениот сведок кажа дека се што се случило во Собрание било добро исценирано. Заев и Села според овој сведок биле таргет, а Манчевски колатерална штета“, рече Кацарска.

К.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе