Рочиште во Кривичниот суд

Нинџа пропеа: Случувањата на 27 април беа контролирани од УБК и ВМРО-ДПМНЕ

Упадот во Собранието на 27 април беше командуван од парамилитарниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Вo УБК ме ангажираше Грујевски, а потоа му бев очи и уши на Бошкоски, сведочи Александар Ваислевски - Нинџа на денешното рочиште за случајот на СЈО „27 април".

Дел обвинети пред два дена сведочеа дека Нинџа бил врската меѓу тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски и луѓето што учествуваа во насилствата во прес-салата од Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Пред упадот Мијалков му рекол да се упати во штабот, а таму насоките по телефон ги давале Билјана Бришкоска, која комуницирала со Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и со Богдан Илиевски - Бетмен, а насоки давал и Кирил Божиновски. Митко Чавков комуницирал со Митко Пешов, сведочеше денеска Василевски-Нинџа.

Сведочењето продолжува.

К.Д.

Наскоро поопширно од сведочењето на Нинџа

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе