Апелациски суд Скопје

Нинџа обвини дека добивал закани од Чавков и од лицата кои денес биле во суд со ќерка му

Денес втор ден по ред продолжи јавната седница за жалбите на провостепената пресуда за настаните за 27 април. На денешната јавна седница се образложуваа поднесените жалби за пресудите по предметот. 

Меѓу обвинетите кои со првостепената пресуда од март минатата година беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок" се поранешниот директор на Бирото за јавна безбеднист, Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање.

Жалба има и од Вишото обвинителство кое се жали на ослободителната пресуда за Игор Дурловски.

Бранителот на Чавков, адвокат Сашко Дуковски, на денешната јавна седница рече дека случајот е неодржлив, бидејќи во сред постапка имало амнестија на дел од првично обвинетите, како и дека за истиот настан веќе имало друг случај што бил побрзо процесиран и каде обвинетите поминале со бенигно обвинение.
На почетокот обвинетиот Александар Василевски-Нинџа го извести Судот дека, денеска додека бил спроведуван од затвор, бил вербално нападнат од лица кои биле во придружба на ќерката на Митко Чавков.

„Лица кои беа во придружба на сопругата и на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа денеска додека бев спроведуван во Судот. Чавков директно ми се закани и на денот на изрекување на пресудата", изјави Нинџа.

Нинџа е осуден во предметот на 8 години затвор, додека Митко Чавков од првостепениот суд доби највисока затворска казна од 18 години.

Судот, на тоа укажа дека, затворските служби кои го вршеле спроводот, требало да направат записник.

 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе