Ја откри „вистината“, па ги насмеа сите

Нинџа ја смени улогата, од обвинет „стана“ адвокат

Обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој постојано, речиси на сите досегашни рочишта за настаните на 27 април, им поставува вкрстени прашања на другите обвинети, денеска застана на пултот за сведочење каде што го даде својот исказ. Но практиката тој да прашува и нему да му одговараат на прашање, односно да биде во улога на адвокат, очигледно му станала навика.

Неговиот адвокат Ѕвонко Давидовиќ по завршувањето на исказот на обвинетиот Нинџа пред судот го праша дали досега бил даден ваков исказ.

На ова приговараше обвинителката Вилма Рускоска, која рече дека прашањето е наведувачко.

Судијката Добрила Кацарска го прифати приговорот на обвинителката и му рече на Нинџа: „Не одговарајте на прашањето“.

Во овој дел согласно со законот и со судската практика, адвокатите земаат збор и кажуваат кон судот дали имаат уште прашања за обвинетиот. Но наместо адвокатот Давидовиќ, Нинџа самиот себеси си даде збор и пред сите присутни во судница, од пултот за сведочење, гласно рече: „Ви благодарам госпоѓо судијке, немам повеќе прашања за обвинетиот“.

Тој се сети дека погрешил, дека не беше негов ред да зборува, но на ваквата негова реакција се изнасмеаја сите присутни во судницата.

Судијката Кацарска му појасни дека овој пат одговара на прашањата, а не ги поставува.

К.Д.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе