И Кацарска го прашуваше обвинетиот

Нинџа го нарече Чавков „исплашен“, а овој му запишуваше сѐ во тефтер

По дадениот исказ пред судот и прашањата што му беа поставени од обвинителката, па од одбраната, обвинетиот Александар Василевски-Нинџа одговараше и на неколку прашања од судијката Добрила Кацарска.

Меѓу останатото Кацарска го праша обвинетиот дали му е познато дали тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу контактирал телефонски со Митко Чавков и во колку часот се случувале дејствата на осмиот кат, за кој претходно зборуваше Нинџа. На ова обвинетиот Нинџа рече дека било отприлика 19 часот, а за комуникацијата помеѓу Чавков и Нухиу рече дека не му било познато и го опиша Чавков како исплашен.

„Чавков беше исплашен, кај него се забележуваше страв, а зошто тоа беше така самиот нека каже“, рече Нинџа.

Додека Нинџа одговараше на прашањата, обвинетиот Чавков во судница запишуваше забелешки во тефтер.

Судијката Кацарска го праша дали имале дадено напатствија што треба да се прави во Собранието на 27 април, на што Нинџа одговори дека лично нему такво нешто не му било кажано. Во своите одговори тој појасни дека последните денови пред 27 април било јасно дека ќе „пукне“ ситуацијата, но како што рече, никогаш не замислувал дека некој може да смисли таков план. Кацарска го праша: „Кој го смисли тоа?“. На ова Нинџа одговори дека оние што веќе ги посочил сами треба да кажат и дополни дека целото сценарио за 27 април, според него, било смислено поради формирањето на СЈО и постапките што тоа ги водело, односно за да се одвлече вниманието со еден таков настан.

Кацарска го праша зошто во својот исказ Кирил Божиновски го нарекува „благајник“, на што тој одговори: „Сите пари на партијата беа кај него. Тој располагаше со политичката каса на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во моментов во Кривичниот суд трае пауза на судењето за 27 април, по што во судот треба да сведочат три лица, предложени од Нинџа, меѓу кои и неговиот брат, поранешен обезбедувач на Никола Груевски.

К.Д.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе