Нинџа доби нови шест месеци затвор, помогнал при бегство на Грујевски и Бошковски

Александар Василевски-Нинџа, кој е осуден на затворска казна за упадот во Собранието што се случи на 27 април, доби нова затворска казна од шест месеци откако пред Основниот кривичен суд – Скопје признал вина за помагање бегство на две лица.

Од Кривичниот суд за МИА, потврдуваат дека Василевски – Нинџа е осуден на шест месеци затвор откако признал вина за кривично дело „помагање на сторител при вршење на кривично дело", без да прецизираат за кого станува збор.

Станува збор за неправосилна првостпена пресуда, за која страните имаат право на жалба на висината на казната.

Нинџа, според пишувањето на дел од медиумте, помогнал при бегство поранешниот началник на Петтата управа во УБК Горан Грујевски и неговиот соработник Никола Бошковски, кои се осудени во предметот за масовното прислушување. 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе