По денешното рочиште

Николоски: Во „Рекет“ изрекетирани се повеќе бизнисмени и парите се кај Заеви

Правно ќе ја добијам битката затоа што и ова рочиште покажа дека аргументите се на моја страна, а и покажа дека одиме чекор по чекор во процесот, а не онака како што инсистираше адвокатот на Зоран Заев на самиот почеток, а тоа е да се прескокнат правилата и веднаш да се оди на распит на странки. Прво треба да се презентираат доказите, па да одиме на распит на странки, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски по денешното рочиште за предмет на кој тој е тужен од премиерот Зоран Заев за клевета за случајот „Рекет".

„Задоволен сум што судот тоа го прифати денес, и се надевам дека ќе продолжи овој коректен однос и во следните рочишта. Така што она што можеби ќе е најинтересно за јавноста, а тоа е распит на странки, каде што треба јас да го распитам Зоран Заев и неговиот адвокат да ме распита мене, ќе се случи на шести април оваа година.

Во однос на она што го видовте денес можам да повторам дека од сите докази кои ги имам доставено, како и врз основа на сето она што постоеше во јавноста во летото 2019-та година, сум дошол до сознание дека аферата „Рекет“ во тој момент не е правилно презентирана во јавноста, односно не се работи за минорен случај во кој што случајно е рекетиран еден бизнисмен, туку дека се рекетирани многу бизнисмени. Дека се работи за огромна сума на пари, дека таа сума на пари во тој момент, според сознанијата била дека надминува над 20 милиони евра. Дека не е рекетиран еден, туку се рекетирани повеќе бизнисмени и дека во таа шема не се вклучени Бојан Јовановски и Катица Јанева, туку е вклучена цела една пирамида во СДСМ која што секако завршува со претседателот на СДСМ и премиер тогашен и сегашен, Зоран Заев.

Јас тоа сум го кажал во текот на август 2019-та година врз основа на сите сознанија што стигале до мене во тој момент. После тоа времето покажа дека сум бил во право. Затоа што во август 2019-та година тезата беше дека е рекетиран еден бизнисмен. Во февруари 2021-та година сите знаеме дека се рекетирани повеќе бизнисмени, тоа не го утврдив јас, го утврди Кривичниот суд во Република Македонија. Во август 2019-та година тезата беше дека се изрекетирани помеѓу еден и еден ипол милион евра, сега сумите со она што досега го има докажано Кривичниот суд можеби ќе ја надминат таа сума од 20 милиони евра.

И третата работа која што беше презентирана и денес како доказ тука, а тоа е снимката на Бојан Јовановски кој вели дека парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Така што сметам дека врз основа на сите сознанија што сум ги имал тогаш, сум имал доволно мотив да поверувам во вистинитоста на мојот исказ, затоа сум го дал истиот. Тој исказ не бил демантиран ниту од Зоран Заев, ни од СДСМ, ниту од Владата. После 20-тина дена сум го повторил исказот и исто така не бил демантиран и очигледно желбата на Зоран Заев е да се гледаме во суд. И да се гледаме во суд, и јас ќе продолжам да ја докажувам вистинитоста на мојот исказ“, рече Николоски.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе