Реакција

Никола Груевски: Во правосудниот систем нa Македонија сe сведочи со пиштол на чело

Правосудниот систем во Македонија го достигнува  највисокиот степен на брутален и невиден политички прогон. Со пресудите и со обвинетите се тргува како на пазар. Се тргува и се продаваат луѓе и човечки судбини заради политички цели. Или подобра метафора е дека сведоците и обвинетите се принудуваат со пиштол на чело да потпишат или дадат изјава која ѝ е потребна на власта и обвинителството за да ги остварат своите валкани и подмолни зацртани цели. Или поинаку метафорично кажано со веќе вбризган отров и против отров на масата пред нив кој би им го дале доколку потпишат или изјават нешто што обвинителството посакува, напиша на својот фејсбук профил Никола Груевски, еден од обвинетите во случајот Плацеви на Водно и е во бегство по вчерашното сведочење на неовиот кум Ристо Новачевски.

„...Денес во судот прв изјава даде обвинетиот во случајот Плацеви на Водно Ристо Новачевски кого во 2020 година го ставија во притвор со цел да изнудат изјава каква што сакаат, која од тогаш па до денес ја промениле со цел да биде уште полоша за мене.

Шпекулациите на медиумите уште кога Ристо Новачевски излезе од притвор без посебни мерки, беа дека е уценет и договорен да служи како инструмент на обвинителството со цел да се спаси со ослободителна, условна или некоја друга ниска или симболична казна, независно дали тоа ќе се случи на првостепениот суд или на повисоките судови се покажаа точни, освен во делот дека тој ќе биде сведок како што очекуваа.

Но обвинителството за да го држи под цврста контрола до последен момент, наместо сведок го направи обвинет и буквално му диктира што да каже во денешната изјава.

Во обвинителството беа свесни дека во случајот Плацеви Водно имаат загубен предмет и на Ристо Н. гледаат како на последна шанса да се вратат некако во игра, иако било кој од стручните лица ако ги прашате ќе кажат дека тежината на исказот на обвинет кога говори против некој друг за себе да се ослободи е никаква, бидејќи се смета дека обвинетиот може да лаже за да си помогне себеси за разлика од сведокот, (освен сведоци кои се исто така обвинети и уценети во друг случај и се под закана во случајот на истиот обвинител во други предмети).

Ристо Новачевски денес кажал дека сум го повикал и сум му кажал дека сакам да правам градежна фирма и да се бавам со градежништво, па сум му предложил тој да биде управител.

Ристо Н. срамно лаже. Тоа не е вистина. Никогаш не сум помислил да правам градежна фирма а уште помалку Ристо да е управител. Никогаш преку никаква и ничија фирма или лице не сум купил земјиште или станови. Преку овој лажен исказ сакаат да кажат дека кога бев премиер, кога работев по 15 часа на ден да ја при движам земјата напред, и кога Македонија под мое водство како премиер редеше успеси на секое поле, економијата растеше со највисоки стапки во Европа и имавме успешни реформи на секое поле, јас сум сакал да станам градежник. Тоа е бесрамно лага...

...Се фалат со докази од меѓународна правна помош од Кипар, а не кажуваат дека ниту сум уплатил таму пари, ниту во готовина ниту жирално преку банка, ниту мој близок уплатил, ниту било кој од Македонија.

Едно време тврдеа дека со готовина од партијата прибрана од чланарини и донации сум го купил земјиштето. Од доказите и вештачењата кои сами ги нарачаа излезе дека формата која го купила земјиштето немала примено никаква готовина или популарно наречено ‘кеш’ од никаде.

Нивните ‘победи’ се со играње со човечки судбини, со ставање и држење луѓе во притвор додека не им прифатат да дадат изјава каква што сакаат, со уцени и лажни конструкции.

Еден експерт во правото кој го познава случајот неодамна ми рече: Ристо Н. е ‘измислен обвинет’ за да се принуди да дава изјава против тебе. Тој нема прекршено закон, но e ставен во притвор и уценет, со влезени инспекции во неговите фирми со цел да ги уништат, доаѓа до заклучок дека и без прекршување закон може да биде осуден во оваа држава, освен ако не даде изјава со која тој нема да биде осуден на ефективен затвор но со лажно сведочење ќе помогне тоа да бидам јас.

Ристо Новачевски е крајно контрадикторен во целата изјава. Тој вели дека сум му кажал дека тој треба да биде управител, а Алек (Александар Ивановски) ќе ја завршел работата. А самиот Алек во изјавата кажа дека тој речиси не се познавал со мене. Дека никогаш јас не сум побарал да ми купи земја или стан, ниту било кога сме ја разговарале таа тема…“, напиша Груевски во однос на ова сведочење.

Во доста широката објава на Фејсбук, Груевски во врска со истото судско рочиште, детално се осврнува и на исказите на Јордан Камчев па меѓу друго заклучува: „И Орце Камчев "се испазарил" и 'преку ноќ' ја сменил изјавата и погазил се што зборуваше до сега“...

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе