Никако да се одржи рочиштето за Моќник

Со месеци се одложува рочиштето за случајот Моќник, во кој еден од обвинетите е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Официјално одложувањата се поради здравствени проблеми на дел од обвинитетите. Претходно рочиштата се одложуваа заради барањето за превод на доказите на албански јазик.

Случајот Моќник се однесува на продажбата на државен имот во село Ижишта, кој бил во сопственост на Општината Македонски Брод, а го користела Општина Пласница, го води судијката Ленка Давиткова. Според обвинителството, имотот му бил продаден на таткото на Милошоски и била направена штета врз буџетот од 50 илјади евра. Пратеникот Милошоски се товари дека ги сторил кривичните дела измама и злоупотреба на службената положба и овластувања. Во овој случај обвинети се и таткото на Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески.

Се работи за продажба на зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3.920 квадратни метри во Македонски Брод. Моќник се води против 13 лица, меѓу кои и против поранешниот претседател на комисијата за лустрација, Томе Аџиев.

За овој процес Милошоски вели дека актуелната власт преку политичко-обвинителски процеси врши притисок врз политичките противници и дека тој се обратил и до претставници на меѓународната заедница за да го следат судскиот процес сѐ со цел заштита на човековите права и добивање на фер и правично судење.

Последното откажано рочиште беше на 21 септември, а наредното е закажано за 1 октомври.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе