Прислушувани разговори за масакрот кај Смилковци

Ни во војна немало ваков случај како убиствово на 5 цивили, му вели Јанкулоска на Јанакиески во „бомба“ од Монструм

Во бомбите што денес беа пуштени првпат на судењето во случајот „Монструм“ има разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески во кој поранешната министерка за внатрешни работи му вели на тогашниот министер за транспорт и врски дека во историјата на државава не се памети потежок случај од овој со петкратното убиство. Разговорот е направен на 16 април 2012 година, а во него Јанкулоска со оптимизам му вели на Јанакиески дека случајот ќе се реши, но прашање е дали тоа ќе биде за шест месеци, една или повеќе години.

Јанакиески: Кај си?

Јанкулоска: Еве по телефони зборам. Да ти кажам, до сега не сме имале потежок случај од овој.

Јанакиески: А колава од каде е? Да не е од одземен имот?

Јанкулоска: А бе колава кај нас е, ама тоа не е важно. Ни треба некој да ни каже кој ја возел колава, дали полнел бензин, дали платил во кеш или со картичка. Колата е решена, знаеме и од кого е купена. Чисто е тоа, туку да ни каже некој каде се движела. Не е украдена, стоена е во Македонија.

Јанакиески: А тој што ја купил каде е?

Јанкулоска: Не е тука, ама ќе го најдеме него. Повеќе од корист ни е да ни се каже каде е возена.

Јанакиески: Нема ли некои траги? Влакна?

Јанкулоска: Треба време да се изработат вештачења околу тоа.

Јанакиески: А бе многу е аматерски оставена колава. Можеле да ја запалат, така се уништуваат биолошки траги.

Јанкулоска: Море не е аматерски, не е тукутака оставена колава. По земјата траги и со хемиски анализи утврдивме дека колата била таму. Макотрпна работа е тоа, има детали и ситници. Ќе ги најдеме, само прашање е дали ќе бидат шест месеци, година или повеќе. Ајде, за наоѓање, што не сме нашле, па и ова. Само притисокот е голем, а и греота се децава. Нема нешто што можеш да сокриеш. Миле Хаџиски го баравме 20 години, па го најдовме на крај. Ама работава е да не бидат 20 години, туку побрзо. А и ти експерт за коли си станал...

Јанакиески: А ти оптимист си?

Јанкулоска: А бе оптимист сум. Ама ни во војна немало вакво нешто.

Јанакиески: Нешто како Карпалак?

Јанкулоска: Војник или полицаец е нешто друго, оти таму секое излегување може да ти е последно. Ама пет цивили не сме имале никогаш.

Во прислушуваните разговори има и комуникација помеѓу Јанакиески и тогашниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, снимена на 13 април, еден ден по убиството, околу 23 часот. Во овој разговор се слуша како Трајановски разговара со Јанакиески дека не работи осветлувањето што е во надлежност на Град Скопје, а се однесува на местото каде што еден ден претходно се случи петкратното убиство во Смилковци.

Трајановски му сугерира на Јанакиески дека треба да се пуштат светлата околу тоа место и му вели дека „да имало осветлување, ќе било поинаку“. На ова Јанакиески му одговара дека проблемот е во тоа што светлата се крадат, но ќе види што може да направи.

К.Д.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе