Втор национален извештај

Независноста и непристрасноста на правосудството и понатаму остануваат најниско оценета област

Ефикасноста на судовите во справувањето со предметите е на задоволително ниво, транспарентноста нема позначајни подобрувања, во квалитетот е забележан мал прогрес а независноста и непристрасноста на правосудството и понатаму остануваат најниско оценета област, покажува Вториот национален извештај кој е заснован на резултатите од мерењето со Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите на правосудството. Според извештајот, професионалниот развој и правична застапеност е областа која е оценета со највисока оцена.

Во однос на „Ефикасноста", според Извештајот, и покрај недоволниот број судски службеници за вршење документирање и правно истражување, ефикасноста на судовите во справувањето со предмети е на задоволително ниво. Значителен процент на судии и адвокати сметаат дека информатичката инфраструктура во судовите е несоодветна, спора, и несигурна.

Споредено со перцепциите од 2018 година, во делот „Транспарентност и отчетност" нема позначајни подобрувања. Кај исти индикатори доминираат поделените ставови во рамки на една целна група, односно значително поларизирани перцепции помеѓу судиите и судската служба наспроти перцепцииите на адвокатите, странките во споровите и новинарите.

Министерот Маричиќ кажа дека за потребата од зголемување на транспарентноста особено говорат бројните индикатори низ Извештајот, во кој ставовите и мислењата на судиите од една страна и адвокатите и медиумите од друга страна, често се дијаметрално спротивни.

“Како што знаете Владата неодамна го усвои Планот за дигитализација, со што од идеа и планирање влегуваме во фаза на имплементација. Според планот, за релативно кратко време целосно ќе се дигитализираат речиси 200 судници, низ сите судови во земјата. Ова е навистина значаен, пред се технолошки скок кој со сигурно ќе ја зголеми и транспарентноста и ефикасноста на судовите, а со тоа ќе се подобри и перцепцијата на граѓаните за работата на истите, рече министерот.

Во овој контекст, како што кажа, е и анализата на состојбите во областа „Ефикасност", каде испитаниците сметаат дека е потребно технолошко унапредување и модернизација на судовите, како и кадровско зајакнување.

Маричиќ дополни дека она што го радува од Извештајот е зголемената позитивна перцепција кај судиите, и тоа за 17 процентни поени, во однос на индикаторот дека врз донесувањето на одлуките не влијаат приватните интереси, туку тие се донесуваат врз основа на фактите и доказите во предметот.

Ова, како што посочи, е своевидна потврда на тоа што го говорат, дека судовите се ослободуваат од притисоци и сега тие испорачуваат правда со засилена динамика.

Според Маричиќ, во правосудството моментално се решаваат проблеми но и перцепции за судството наталожени со години. Тој кажа дека со посветеност, во еден инклузивен процес, каде што ќе бидат вклучени сите фактори во правосудството ќе може забрзано да се менува сликата за правниот систем.

Вториот национален извештај издаден од Центарот за правни истражувања и анализи кој е заснован на резултатите од мерењето со Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите на правосудството е вграден во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 со цел редовно и објективно мерење на судските реформи во земјата и следствено на тоа – соодветно дефинирање на приоритетите на реформскиот пат.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе