За првостепената пресуда од 211 години затвор

Неправосилно осудените 7 месеци зад решетки чекаат одлука за жалбите за „27 април“

Апелацискиот суд се уште нема донесено одлука по жалбите поднесени на пресудата за настаните од 27 април со која Основниот суд Скопје 1 изрече затворски казни од вкупно 211 години за 16 лица. Иако јавната седница за овој предмет беше одржана на крајот на мај, односно пред речиси 7 месеци, сепак неизвесно е дали овој случај ќе добие правосилна судска одлука до крајот на оваа година.

Од Апелацискиот суд во Скопје за МКД.мк велат дека предметот се работи и дека во скоро време ќе биде донесена одлука.

„Работиме на предметот и се разгледуваат жалбите. Знаете дека се работи за обемен предмет и дека веќе неколку пати дел од судиите беа отсутни и поради состојбата со ковид-19, но и поради други причини“, велат од Апелацискиот суд за МДК.мк.

Од второстепениот суд не прецизираат кога точно може да биде донесена оваа одлука, но изразија надеж дека можно е тоа да биде до крајот на годинава.

Некаде околу 1 октомври се комплетираше судската петорка која треба да донесе одлука по жалбите за овој предмет.

Дел од обвинетите за овој случај по изречените казни на нивно барање беа префрлени во затворот во Идризово, а дел се во притвор во Истражниот затвор во Шутка.

Јавните седници за овој предмет беа одржани кон крајот на мај годинава. Тогаш неправосилно осудените побараа од второстепените судии да ја укинат пресудата која ја донесе судијата Добрила Кацарска од Основниот кривичен суд во Скопје и предметот да биде вратен на повторно одлучување.

По одржаните јавни седници второстепениот суд требаше во најкус можен рок да донесе одлука по овој предмет, но поради состојбата со ковид-19 овој рок беше пролонгиран.

Апелацискиот суд Скопје во јуни поради заболен со ковид-19 во судот ги одложи сите јавни седници и ги испрати вработените во изолација. По ова дел од судиите од Кривичниот оддел беа на боледување. Овие случувања во судот ги одложија и одлуките на поднесените жалби на пресудите за „27 април", но и на другите предмети.

Од Апелацискиот суд во Скопје пред околу 3 месеци појаснија дека сега кога сите се вратени на работа во најкус можен рок ќе следи и одлука жалбите за „27 април", кој како што потенцираат од второстепениот суд е доста обемен предмет, но одлука уште нема.

На 15 март минатата година судијката Добрила Кацарска ја донесе следнава пресуда: Митко Чавков доби 18 години затвор, Душко Лазаров 15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви 15 години, Митко Пешов 15 години затвор, Оливер Поповски 13 години, Мунир Пепиќ 15 години, Абдуљфета Алими 7 години, Оливер Радулов 10 години, Јане Ченто 15 години, Игор Југ 12 години, Александар Василевски-Нинџа 8 години, Никола Митревски-Кољо 15 години, Младен Додевски 12 години, Горанче Ангеловски 12 години, Влатко Трајковски 15 години и Вилијам Михајловски 14 години.

Казните беа изречени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

За овој предмет се расправаше и во Уставниот суд по иницијатива поднесена од неправосилно осудениот Митко Чавков.

Иницијатива беше уставните судии беше да поведат постапка за за оценка на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија. Судскиот процес за настаните во собранието од 27 април 2017 година почна во август 2018 и е еден од најголемите процеси во македонското судство.

Во почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа учесници во упадот во парламентот, а некои и во нападите врз пратениците на актуелната власт.
Но по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица, а за еден обвинет постапката е одвоена.

Судбината на оние кои останаа во предметот и за кои беше изречена првостепена одлука сега е во рацете на второстепениот суд, чија пресуда откако ќе се донесе станува правосилна.

 К.Д.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе