Тврдење на сведок на денешното рочиште

Немало вештачење, туку само анализа на земјата најдена на опел омегата на денот на петкратното убиство

Вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и од возилото „Опел Омега" најдено во местото Враживир, непосредно по петкратното убиство и денеска беше тема во рочиштето за случајот „Монструм".

Според вештакот Весна Антиќ, која во 2012 година била главен инспектор за хемиско испитување при МВР, за овој случај не било направено вештачење, туку само анализа во која е констатирано дека примероците од земјата се совпаѓат едно со друго.

„Ниту едно вештачење на земја немам направено. Земјата од Смилковско Езеро и од возилото е анализирана, не е вештачена. Не сум имала задача од претпоставен. Има разлика меѓу анализи и вештачења. Вештачењето е нешто поголемо од анализа“, изјави вештакот Антиќ.

Одбраната на обвинетите за овој предмет пак, во своето излагање изрази сомневање за целата постапка врз вештачењето на земјата.

„Овој вештак нема направено вештачење, туку само анализа за која немаме никаков записник, ниту извештај од нејзина страна. Вештакот рече дека анализата е направена од два примерока и тие се скенирани, но на 20 април 2012, а не на 14-ти како што зборуваше цело време. Само датумот кажува дека анализата е направена по вештачењето на вештакот Снежана Николовска. Ова кажува дека се работи и за уште еден фалсификат. За ова сме должни да поднесме две кривични пријави, а не само една како што најавивме“, изјави адвокатот Насер Рауфи.

Претходно на ова рочиште свој исказ даде сведок кој произлезе од „бомбите", каде тој се слуша како се прашува дали нешто знае за тоа што се случи на Смилковско Езеро, вечерта на 12 април 2012.

На прашање на одбраната тој истакна дека зборувал со сопартиец и дека не знае ништо дополнително за овој случај.

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, според најавите на обвинителство, е при крај, односно за крактро време тие ќе ги дадат завршните зборови за овој судски предмет кој со одлука на Врховниот суд е на повторно одлучување.

Како главен судија за овој предмет е назначен судијата Огнен Ставрев. Додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе