Пресудата се уште не е правосилна

Нема закажано јавна седница за жалбите за Диво Насеље, се чека мислењето на вишите обвинители

Обемноста на предметот за случајот Диво Насеље го забави закажувањето на јавната седница по жалбите на првостепената пресуда поднесени од неправосилно осудените за тероризам и терористичка организација. Папката со првостепената пресуда, доказите и жалбите Апелацискиот суд во Скопје ја испратил до Вишото јавно обвинителство од каде треба да дадат мислење за поднесените жалби. Но, од таму за МКД.мк велат дека мислењата не се изготвени и предметот околу еден месец се наоѓа кај нив. 

„Предметот кај нас е испратен пред неполн месец и работиме на изготвување на мислење по поднесените жалби. Мора да се има предвид дека се работи за обемен предмет и дека е потребно време за се да се заврши и предметот да биде испратен до Апелацискиот суд во Скопје“, велат од Вишото јавно обвинителство за МКД.мк.

Од таму појаснуваат дека рокови за изготвување на ваквото мислење не се предвидени и дека постапката во врска со тоа ќе биде завршена во најкус можен рок, по што ќе може да се закаже јавна седница за предметот. 

Откако ќе се комплетираат списите на предметот и ќе бидат испратени на адреса на второстепениот суд, од таму ќе треба да закажат и датум за јавна седница на која поединечно ќе се разгледуваат сите поднесени жалби на пресудата донесена од Основниот суд Скопје 1. Право да зборуваат на ова седница освен адвокатите имаат и обвинетите во постапка од кои дел се наоѓаат во Истражниот затвор во Шутка, а дел се во затворот во Идризово. 

Иако пресудата не е правосилна обвинетите имаат право да не ја издржуваат мерката притвор, туку да поднесат барање за издржување на затворската казна. 

По одржувањето на јавната седница судиите од Апелацискиот суд во Скопје ќе треба во најкус можен рок да одлучат дали ќе ги потврдат одлуките на првостепениот суд, дали ќе ги преиначат или ќе ги укинат и предметот ќе го вратат на повторена постапка. 

Основниот суд Скопје 1 на 2-ри ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. 

Од вкупно 37 обвинети тогаш во судница пресудата ја слушнаа само четворица. Другите обвинети одлучија да го бојкотираат судењето и да излезат од судницата.

Образложението на судијката Верка Петковска по изрекувањето на пресудата беше дека доказите што ги понуди обвинителството покажале дека обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација, дека доказите јасно ги утврдуваат приликите поради кои обвинетите дошле во Македонија, начинот на кој тие влегле во земјава, како се засолниле и како во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршија терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

 К.Д.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе