По негативното мислење на Стефанова

Нема времени пасоши за Камчев и Панделевски, судот им го одби барањето

Основниот кривичен суд донесе одлука да не им издаде времени пасоши на Јордан Камчев и Цветан Панделевски. Ваквата одлука на судијата на претходна постапка следи откако негативно мислење за ваквото барање даде и обвинителката Лиле Стефанова која ја води постапката за „Империја".

Заради интерес на медиумите околу барањето за издавање пасош со ограничен рок на важење за Ј.К. и Ц.П. опфатени во предметот во јавноста познат како „Империја", ја информираме јавноста дека и Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет , по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање. За истото веќе се известени странките во постапката“, се вели во соопштението на Основен кривичен суд Скопје.

Претходно и обвинителката Лиле Стефанова од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција даде негативно мислење за на осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделевски да им биде издаден нов времен пасош.

Бизнисменот Камчев на 2 мај годинава од специјалната обвинителка Катица Јанева доби согласност да му се уважи предлогот и да му биде издадена патна исправа со ограничен рок на важење.

Пред неколку дена откако истече валидноста на овој документ тој поднесе барање за нова патна исправа. Но, сега наместо Јанева, позитивно мислење за тоа треба да даде Стефанова која додека беше обвинител во редовите на СЈО не се согласуваше со ставот на Јанева ниту во врска со укинување на мерката притвор за Камчев, ниту со позитивното мислење за времен пасош.

Специјалната обвинителка Јанева на 22 март годинава даде согласност на осомничениот Панделевски да му се уважи предлогот и да му биде издадена патна исправа со ограничен рок на важење.

И тој поднесе барање за нова времена патна исправа, но не доби согласност од Стефанова.

Поднесените барања за нови пасоши со ограничен рок заедно со мислењето од Стефанова се испратени во Основиот кривичен суд во Скопје од каде треба да донесат одлука.

Докази за криминалот во случајот „Империја", СЈО обезбедило и преку ПИ-мерки, односно во периодот од јуни до октомври 2018 ги прислушува осомничените, но не и Сашо Мијалков. Освен овие докази, има и искази на сведоци.

Специјалното јавно обвинителство три месеци по отворањето на истрагата за „Империја" врз основа на голем број докази успеало да потврди, како што велат од таму, околу 90 отсто од сомнежите за овој случај во кој се осомничени Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе