Нема веќе судиска плата за Панчевски, падна неговата жалба на Врховен суд

Со осум гласа „за“ и само еден „против“ Жалбениот совет на Врхониот суд  ја отфрли жалбата на поранешниот судија Владимир Панчевски, со што и формално тој веќе не може да прима плата како функционер, како што тоа се случуваше од денот на неговото разрешување. Со ова  Панчевски никогаш повеќе не ќе може да може да прима судиска плата.

На одржаната седница не присуствувал Панчевски, ниту пак неговите адвокати.

Одлуката на Врховниот суд доаѓа по решението на Судскиот совет со кое Владимир Панчевски, поради злоупотреби на АКМИС системот, беше разрешен од судиската функција. Панчевски, иако разрешен, бараше покачување на платата како и на другите судии.

За злоупотребите со АКМИС-системот од 2013 до 2016 година кога Панчевски беше претседател на Основниот суд Скопје 1, му се суди во Кривичниот оддел на судот во Велес.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе