Нема амнестија за Ќосето и Нинџа

Апелација одлучи, нема амнестија за 5-мина обвинети за настаните на  27- ми април, кои се жалеа на одлуката на Кривичниот суд.

Апелацискиот суд не ги прифати жалбите на Алекасандар Василевски – Нинџа, Горанчо Ангеловски – Ќосето, Младен Додевски, Никола Митревски – Кољо и Оливер Поповски.

Тие се жалеа на одлуката на Кривичниот суд кој не ги амнестираше според Законот за амнестија донесен на крајот од минатата година.

Апелациониот суд не одлучи за жалбата на Горан Ѓошевски – Леви, бидејќи предметот беше вратен во кривичниот суд заради технички недостатоци. Тие вчера пред судиите ги предочи одбраната на Леви.

Во образложението на одлуката, наместо името на Ѓошевски, стоело на обвинетиот Абдулфета Алими кој исто така не доби амнестија.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе