среда, 24 април 2024
Претседателски избори 2024

Таравари: Нека победи подобриот, ќе го прифатиме секој резултат

Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ Единство-Башкими во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

„Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до сите е овие избори да бидат фер и демократски и да победи подобриот. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам и гледам дека граѓаните масовно излегуваа, што е добар знак за опозицијата“, изјави Таравари.

На новинарско прашање за текот на изборниот процес и информации за попречувања, тој кажа дека има и во изборниот штаб се процесуираат.

„Мислам дека не е сега моментот да се кажуваат тие неправилности. Навикнати сме на тие притисоци, купувања на гласови за коишто веќе има и видео-снимки. Меѓутоа тоа ќе ги објави нашиот штаб и веќе се известени сите релевантни институции во земјата и меѓународните претставници во Македонија“, посочи кандидатот за претседател, Арбен Таравари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ