Судење за „Рекет“

Не знаев дека Камчев снимал додека ги броевме парите, тврди благајничката од Орка

По Ана Камчева, сопругата на Орце Камчев, на денешното судење за „Рекет“, во судница како сведок се појави благајничката во Орка Холдинг, Мирјана Бошковска. На прашање на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, кои се нејзините работни обврски, сведокот одговори дека е овластено лице за сите приватни сметки на семејството Камчеви.

Во текот на сведочењето за Рекет Бошковска или Мими како што во своите сведочења ја нарекуваа брачните сопружници пред судот рече дека поголема сума на пари извадила во декември 2018 и во февруари 2019 година.

„Од приватната сметка на Ана Камчева и Ратка Камчева, мајката на Орце, во декември 2018 на трипати извадив 12 милиони, пет милиони и нешто повеќе од пет милиони денари, а потоа во февруари 2019 година вадев пари од сметката на сестрата на Орце, Кристина и нивната мајка Ратка, а се работеше за суми од 18 и 20 милиони денари“, рече пред судот Бошковска.

Таа во продолжение појасни дека требало да ги смени овие пари во евра, дека се јавила во менувачница за да најави менување на поголема сума пари и дека со обезбедување го направила тоа. Откако ги сменила парите првиот пат, рече дека со обезбедување, со возило била во куќата на Ана за да ѝ се предадат парите, а вториот пат парите ги предала лично на Камчев, влегувајќи од задната врата во нивната куќа, за што била направена и спецификација. Оваа спецификација, како што појасни благајничката, била пишувана на жолти листови хартија, а се однесувала на тоа колку пари и во какви апоени има во пачките кои ги пакувале. Според нејзиното сведочење, 80 отсто од парите што таа му ги предала на Камчев биле во апоени од 50 евра. Парите ги предала во две спортски торби, како што ги опиша, едната поголема отприлика едена метар, а другата помала. Кога дошла кај Камчев, според нејзиното сведочење, во двете спортски торби имало 710.000 евра, но, како што појасни, во истите торби ги носела парите во денари, а потоа, назад биле ставени и во евра, но торбите не биле полни.

„Во кабинетот на Орце Камчев бевме само јас и тој. Ги броевме и ги селектиравме парите, ги ставивме во торба, а одозгора ја ставивме и спецификацијата која беше рачно напишана“, рече благајничката Бошковска.

Обвинетата Катица Јанева за неа немаше прашања, туку пред судот неколку прашања ѝ посѕтави само обвинетиот Бојан Јовановски. Тој ја праша дали била свесна и по нејзина волја била снимана додека ги броеле и ределе парите во торба, како и дали на снимките кои се појавија во јавноста се нејзините раце. На Ова таа одговори: „Не знаев дека сум снимана и да, на снимките се моите раце“.

Со нејзиното сведочење заврши денешното рочиште за „Рекет“, а следното со нови тројва сведоци ќе продолжи на 25 декември.

К.Додевска

 

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе