На судењето за „Рекет“

Не сум скарана со Боки, ама веќе не сме пријатели, сведочеше Лила

Лила Стојановска денес првпат се соочи со нејзиниот долгогодишен пријател, обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски. Блиската пријателка ниту еднаш не го погледна Јовановски, иако тој неколку пати го фиксираше погледот кон неа, и пред и за време на нејзиното сведочење. 

Пред нејзиното сведочење судот го утврди нејзиниот идентитет и во записникот ја заведе како Лила Стојановска. Откако се претстави дека е родена во Гетеборг, Шведска, дипломиран филолог, работи како новинар, водител, пред судот рече дека не е скарана со Боки, но дека повеќе не се пријатели.

Стојановска го познавала Боки 13 од неговата 15-та година, а со него се дружела долги години, со исклучок на 3-4 години, кога биле скарани. Водителката посочи дека дала донација од 25 илјади евра, а потоа уплатила заем од 500 илјади денари на адресата на 1 ТВ.

Обвинителката Гордана Смаќоска ѝ укажа на Филиповска дека на нејзината сметка прво биле префрлени 500 илјади денари, а потоа таа истите овие пари ги префрлила како заем на сметката на 1ТВ. На ова Филиповска беше децидна и строго одговори: „Никој мене не ми префрла пари, јас си имам свои пари и мои се парите што ги дадов“.

За патувањата и одморите на кои Стојановска одела со Јовановски, таа одговори дека оделе на викенди, не на „класични одмори“, и дека на одмор требало да одат тогаш кога биле сопрени на граница, а Јовановски бил уапсен, па тоа патување не се реализирало.

„Планиравме да одиме на одмор во Грција. Јас само што се вратив од Турција и Бојан ме покани заедно со Сергеј и Анета Кочишки да одиме на Миконос. Не знам дали ова патување било целосно платено. Можеби да, но секако јас секогаш со себе носам пари, бидејќи никој не е должен да ме части. Бојан ми кажа дека има организирано сè, но не би знаела да кажам дали тој ќе го плател патувањето или ќе требало да му дадеме пари, бидејќи тоа никогаш не се оствари“, сведочеше пријателката на Боки.

Пред овој договор за одмор Стојановска спомена и викенд во Грција, за кој појасни дека не бил претходно договорен, туку дека случајно се сретнале со Бојан откако таа заедно со Сергеј на нивна иницијатива заминале и се сместиле во друг хотел.

„Бојан беше во Грција во ресортот ‘Данаи‘ со пријателки. Јас и Сергеј по наша иницијатива заминавме во друг хотел, а потоа добивме покана од Бојан да дојдеме во нивниот ресорт. Така и се случи, се сретнавме, но не бидејќи претходно заедно сме го испланирале ова патување“, сведочеше Стојановска.

К.Д.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе