Не ме осуди судот, ме осуди политиката и Зоран Заев, рече обвинетиот Трајковски

Нема да прифатам да одам во куќен притвор, зашто ќе избегам, одма ќе избегам, ќе ја продадам државата. Вака го почна своето обраќање обвинетиот Влатко Трајковски. На ова веднаш реагираше судијката Добрила Кацарска со забелешка дека обвинетите претерале и му порача иронијата да ја остави за после судење.

„После оваа пресуда сфатив дека вие како претседател на овој судечки совет не ме осудивте, ме осуди политиката, поточно Зоран Заев. Моите две деца ќе знаат кој го затвори нивниот татко и се надевам ќе продолжат онаму кај што застанав јас и секогаш потребен на оваа држава кога и да треба.

Длабоко сум убеден ќе живеам за тој ден тие што ме обвинија за тероризам да седнат на оваа маса да одговараат за злоупотреба на службена должност за уништување на нашите животи“, рече Трајковски и за врши со повикот: „Да живее Мкедонија“.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе