Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати. Судијата Ненад Савески, доби три гласа „за“, пет „против“ и еден воздржан а судијата Андреј Димовски немаше воопшто гласови затоа што ниту еден од членовите на Управниот одбор не му гласаше за него. За судијката Емилија Шопар-Јованова не се гласаше затоа што беше констатирано дека не ги исполнува условите.
Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година.