Одобрено обвинението

Наскоро судење за сообраќајката кај Ласкарци во која загинаа 16 патници

Основниот кривичен суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

„Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост“ соопштија од Судот.

Сега, во АКМИС системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а потоа ќе се закаже и датум за почеток на судскиот процес.

За случајот обвинети се шест лица тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс".

Обвинети се сопственикот на „Дурмо турс", одоговрното лице за возниот парк во фирмата, возачот на автобусот, како и тројца вработени во станицата за технички преглед, која инаку е сопственост на газдата на „Дурмо турс".

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе