По вчерашните обвинувања на адвокатот Дуковски

Народниот правобранител влезе во затворот во Шутка, ќе го посети Боки 13

Народниот правобранител веќе е во посета на Истражниот затвор во Шутка по вчерашните наводи на адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски дека неговиот клиент е со нефункционален бубрег и дека мокри крв. Од Канцеларијата на народниот правобранител за МКД.мк потврдуваат дека екипа заедно со омбудсманот Иџет Мемети веќе се во затворот, но детали околу посетата се најавуваат за текот на утрешниот ден, или најдоцна до петок. 

Вчера на прес-конференција адвокатот Дуковски обвини дека неговиот клиент Бојан Јовановски е во животно загрозувачка состојба и дека не може да подготви одбрана за случајот „Рекет“ за кој судењето е закажано за 3 декември. 

„Комуникацијата со мојот клиент оди тешко и малку беше потребно да го откажам полномошното. Јас никогаш до сега не сум се појавил на судење неподготвен и тоа нема да се случи ниту сега, но здравствената состојба на Бојан Јовановски е лоша и не ми дозволува да се подготвиме за рочиштето за „Рекет" кое е закажано за 3 декември, истакна адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дуковски.

„Неговата состојба е животнозагрозувачка и тој нема грип па да можете да го лечите со парацетамол. Има сериозни компликации за кои е потребно болничко сместување. Бојан Јовановски има сериозни дијагнози, јавниот обвинител го виде истото и тоа беше прилично мачна и грозна сцена човек да ви повраќа пред очи цели 15 минути, не знам што друго треба да се случи за да сфатат сериозно надлежните. Треба ли нога или рака да му исечат, да се најде меѓу соопштенијата на починати затвореници, па да сфатат колку е сериозно она што се случува со неговото здравје?", праша вчера на прес-конференција адвокатот Сашко Дуковски.

„Бојан Јовановски до сега 30 пати бил носен од затвор на болница. Не сакам да се случи она што го имаме како штуро соопштение од Управата за извршување на санкции и нема да е подолго од една реченица и дека починал и дека се работи за виша сила. Не бараме милост, но тој е граѓанин како сите други и заслужува еднаква нега, како и останатите. Не бараме нега во приватна болница, ниту надвор од државава", предупредува Дуковски.

Јовановски е во притвор како обвинет во случајот „Рекет" заедно со Катица Јанева и Зоран Милевски.

К.Д.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе