Народниот правобранител лани постапувал по 4.705 претставки, најбројни оние од правосудство

Во текот на 2019 година Народниот правобранител постапувал по вкупно 4.705 претставки, од кои 3.453 од извештајниот период, а останатите 1.252 беа пренесени од претходната година. И лани, како и како и претходните години, најголем дел од претставките се од областа на правосудството, од потрошувачките права и од работните односи, покажуваат податоците од Годишниот извештај на оваа институција за 2019 година.

Најголем број претставки 639 или 18,51 отсто се од областа на правосудството, потоа следат претставките од потрошувачките права – 367 или 10,63 отсто, од работните односи 282 или 8,17 отсто, од казнено-поправните и воспитно-поправните установи – 267 или 7,73 отсто, од областа на детските права – 246 или 7,12 отсто, од имотно-правната област – 188 или 5,44 отсто, од урбанизмот и градбата – 185 или 5,36 отсто, од областа на заштитата на правата при полициски овластувања 170 или 4,92 отсто, од социјалната заштита – 159, односно 4,60 отсто...

Споредбено со податоците од 2018 во извештајната година се забележува за
повеќе од 50 отсто зголемен број на поднесени претставки од областа на правата на детето, потрошувачките права и избирачките права, а во делот на станбената област има намалување за повеќе од 50 отсто.

Од вкупно 4.705 претставки по кои се постапувало во 2019 година постапката е
завршена по 4.225 или во 89,80 отсто случаи, додека по 480 претставки или 10,20 отсто постапката е во тек. Од завршените 4.225 претставки, во 697 или 16,50 отсто случаи не е покрената постапка, во 3.454 или 81,75 отсто случаи е покрената постапка, а во 74 или 1,75 отсто случаи Народниот правобранител по поставено прашање од граѓаните, и по анализирање на правната регулатива, на граѓаните им давал правен совет, и ги насочувал во решавање на нивните проблеми, а со тоа и остварување на нивните права.

-Од 697 претставки по кои не е покрената постапка, во 351 или 50,36 отсто случаи Народниот правобранител не е надлежен да постапува, а во 218 или 31,28 отсто случаи не се работи за повреда на уставните и законските права. Понатаму, во 74 или 10,62 отсто случаи претставката не беше комплетна, а подносителот не ја дополнил претставката, во 23 или 3,30 отсто случаи беше во тек судска постапка, во 9 случаи или 1,29 отсто од дејството или последната одлука поминало повеќе од 1 година, во 5 предмети или 0,72 отсто се работи за помалку значајни случаи кои и по завршувањето на испитувањето не би можел да даде соодветни резултати, во 1 предмет или 0,14 отсто се работи за злоупотреба на право на поднесување на претставка, а 16 или 2,30 отсто случаи беа анонимни, во кои најчесто се изнесува незадоволство од определени состојби, или се укажува на повреда на конкретно право, а не се наведува податок за органот и лицето чие право е повредено, ниту податоци за евентуален контакт за барање за дополнување на претставка, се наведува во Извештајот.

Од 3.454 завршен предмет по кои Народниот правобранител презел дејствија, во
1.187 или 34,37 отсто констатирал повреда на човековите слободи и права, и интервенирал со цел отстранување на повредите, односно остварување на правата на граѓанитеподносители, додека, во 2.267 или 65,63 отсто по преземените мерки и дејствија за испитување на наводите од претставката не е констатирана повреда на човековите слободи и права, и следствено постапката е запрена.

-Поточно, во 1.968 или 86,81 отсто случаи постапката е запрена, затоа што не се констатира повреда на правата, во 97 или 4,28 отсто подносителот не покажал интерес за натамошно водење на постапката, во 86 или 3,79 отсто подносителот во меѓувреме го остварил своето право, во 62 или 2,73 отсто подносителот ја повлече претставката, во 49 или 2,16 отсто во текот на постапката по претставката подносителот повел судска постапка, а во 5 или 0,22 отсто подносителот починал, а неговите наследници не барале продолжување на постапката, покаѓува Извештајот на народниот правобранител за минатата година.

Од вкупниот број завршени претставки, во 1.187 случаи Народниот правобранител утврдил повреди и ги презел сите законски дејствија. Од нив, во 532 или 44,82 отсто случаи органите на државната управа, другите органи и организации со јавни овластувања ги прифатиле интервенциите на Народниот правобранител, а за 655 или 55,18 отсто случаи по констатираната повреда Народниот правобранител доставил препорака до соодветниот орган која не била прифатена, по што презел други дејствија, односно доставил информации и посебни извештаи до повисокиот орган, по што ги исцрпил сите можности.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе