Во „Бомба“ од „Титаник“

Намерно да превртат трактор или камион и да задржат авион на небото за да доцнат гласачи, се договараат Јанкулоска и Јанакиески

Да се врти подолго авионот на небото и да се предизвика намерно сообраќајна несреќа, е договорот што го прават поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во една од „бомбите" за случајот „Титаник". Јанкулоска и Јанакиески овој разговор го водат со цел да се договорат како да ги задоцнат на гласање гастербајтерите, македонски Албанци кои на 24 март 2013 тргнале за Кичево на гласање со авиони од Швајцарија. 

Во прислушуваните разговори што денеска се пуштаат во судницата во случајот на СЈО за изборни нерегуларности се слуша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска како зборува со тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески.

"Може ли Миле да се јавиш и да се договориш со „ТАВ“ да ги задржат некако патнициве од Цирих. Два авиона ни се критични. Денеска доаѓаат. Едниот да го сопреме, добри сме. Речи им на „ТАВ" нека го зашуткаат авионов, нека се задржат на писта 15 минути, нека ги вадат бавно патниците, движењето по скали нека го успорат ", му вика Јанкулоска на Миле Јанакиески.

Поранешниот министер за транспорт и врски се јавува во „ТАВ" и го кажува предлогот. Лицето од аеродромската компанија му вели: „Најубаво е Контрола на летање да го врти подолго на небо".

Потоа во друг разговор со лице од МВР Јанакиески предлага:

„Да направиме една сообраќајка пред Кичево, да се блокира патот? Сериозен сум за ова. Ете трактор нека се испреврти".

Јанкулоска пак на Миле му предлага: „Нека се преврти камион натоварен со песок, такво нешто да се преврти, зашто овие ќе доаѓаат со коли".

На овие разговори обвинителката Лиле Стефанова од СЈО искоментира: „Не е војна, не е љубов, ама се е дозволено", и потоа продолжи да предлага наредни бомби како доказ.

Во „Титаник" за злосторничко здружување, поткуп при гласање, незаконско финансирање изборна кампања, злоупотреба на службената положба, закани, фалсификување исправи и други кривични дела обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер Кирил Божиновски Илија Димовски, Билјана Бришковска-Бошковски, Едмонд Темелко... вкупно 21 лице од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе