Апелацискиот суд ги намали казните во „Труст“

Намалена затворската казната за Кочан, Авировиќ доби условна наместо затворска

Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи пресудите на првостепениот суд за случајот „Труст" на СЈО со кој на обвинетите Сеад Кочан и Василије Авировиќ им беа изречени затворски казни. Второстепениот суд му ја намали казната на Кочан од шест годни на четири години и осум месеци, а на обвинетиот Василије Авировиќ наместо затворска казна од три години, му се изрекува алтернативна мерка условна осуда.

„Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1026/18, во јавноста познат како „Труст" по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетите Сеад Кочан од Скопје и Василије Авировиќ од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот Сеад Кочан го осуди на казна затвор во траење од четири години и осум месеци, а на обвинетиот Василије Авировиќ му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело", велат од второстепениот суд.

Апелацискиот суд во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди. Оттаму посочуваат дека вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Кочан и Авировиќ во јули минатата година беа прогласени за виновни во судскиот процес „Труст", за злоупотреба на јавна набавка.

Судскиот процес траеше точно осум месеци и имаше повеќе од 20 рочишта. Кочан и Авировиќ, односно „Трансмет" и „Силекс неметали", според СЈО со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе