Апелациски суд Скопје

Намалена казната на три години затвор за возачот што ја прегази Фросина

Пред четири години младата студентка од Крива Паланка Фросина Цековска (20) загина на пешачки премин во сообраќајка на булеварот „Партизански одреди" во Скопје кај Универзална сала. Возачот не ни застана. Камерите баш тогаш не регистрирале ништо. Имаше многу шпекулации за тоа кој навистина бил зад воланот. Вчера шестгодишната казна затвор, Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи во тригодишна казна затвор.

Љубиша Видојковиќ, 29-годишниот возач уште малку па повторно ќе се врати на скопските улици. Судот определи и едногодишна забрана за управување со моторни возила. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.

Првостепената пресуда беше шест и пол години затвор.

 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе