Мониторинг на кривични постапки

Најкорумпирани се високообразованите лица на високи позиции

Службената положба и овластувања во земјава во периодот од април до декември годинава најмногу ги злоупотребиле високообразовани лица на возраст од 40-50 години, најчесто претставници од Владата и министерствата – покажа анализата на коалицијата „Сите за правично судење“.

Мониторингот на судските процеси од областа на корупцијата и криминалот кој го спроведе коалицијата „Сите за правично судење“ на територијата на целата државава, покажа дека трендот на одлагање на судските постапки останува впечатлив, односно 60% од истите биле одложени, а најчеста причина за тоа е остуство на обвинетите лица, вклучително и нивните бранители, но и отсуство на обвинители и/или сведоци.

Извршната директорка на здружението Натали Петровска рече дека согласно со обработените податоци најзастапено е делото злоупотреба на службената положба и овластувања, а сторители најчесто се лица на возраст од 40-50 години и тоа високообразовни лица. Најчесто обвинети лица се претставници од Владата или министерства.

„Анализиравме судски постапки од десет судови во земјава и тоа предмети класифицирани во областа на оргинизиран криминал и корупција. 55% од предметите се од одделението при основниот Кривичен суд Скопје. Најчестите кривични дела се злопупотреба на службена положба и овластување, но мора да ги споменеме и неовластење производство и пуштање во употреба на дроги, но и криумчарењето мигранти. Од податоците кои ги обработивме сторители на делата најчесто се лица на возраст од 40-50 години и тоа се високообразовани лица. Најчесто обвинети лица се претставници од Владата или министерства",  рече Петровска.

Судија Владимир Туфегџиќ од основниот Кривичен суд Скопје говореше за јавноста на судските постапки.

„Начелото на јавност во кривичната постапка е едно од суштинските начела со кое се обезбедува фер и правично судење. Информирањето и споделувањето на информации мора да биде внимателно, односно да се испорача реалната слика за која јавноста е заинтересирана. Искривена перцепција од погрешното механичко пренесување на информациите нас ни создаде голем проблем за ниското ниво на доверба во судот и судството", рече Туфегџиќ.

Јавноста би требало да биде најголемиот сојузник на судството со цел транспарентни судски процеси, особено кога станува збор за високопрофилирани судски постапки на кои бевме сведоци во изминатиот период, порача Петревска.

Судијката Васка Николовска Масевска од основниот Кривичен суд Скопје говореше за неопходноста на мерката притвор која е една од најзастапените.
„Мерката притвор понекогаш е неопходна. Според податоците судовите во последно време многу попретпазливо постапуваат со оваа мерка отколку што претходно било пракса", рече Николовска Масевска.

Мониторингот на судските постапки е дел од проектот Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул судски мониторинг) во периодот април-декември 2019 година со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

                                                                                                               Х.Н.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе