Маричиќ за статусот во полуотворено и отворено одделение

Над 30 осуденици оваа година добиле можност да работат додека издржуваат казна затвор

Над 30 лица оваа година имале статус на лице кое е во отворено или полуотворено одделение на затворот и имаат можност да работат во текот на издржувањето на казната затвор, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Статусот на сите лица, посочи Маричиќ, кои што се лишен од слобода и на кои им е одземено правото на слободно движење се регулира на релација меѓу Судот, Управата за извршување на санкции и директорите на затворите.

„Секој, кој што е лишен од слобода во затвор или во притвор има одредени права и обврски, кои ги разгледуваат и одлучуваат судовите. За нас е најважно да се одржи јавната безбедност, судството да функционира по закон и никој да нема можност да избега, да влијае на сведоците или да го повтори делото“, изјави Маричиќ.

Во однос на затворениците, Маричиќ рече дека целосна буднос и одговорност треба да покажат Управата за извршување на санкции и директорите на затворите.

„Директорите на затворите правата проценка и даваат мислење околу некое лице, а Судот одлучува каков статус ќе има, меѓутоа мислам дека во сите овие случаи присуството и ограниченоста на овие лица е гарантирана. Секој од нив има конкретен статус. Тој што го спомнавте, Зоран Милески Кичеец е повторно на продолжување на издржување на казната затвор во Затворот во Струга, со одземени сите погодности кои ги имал претходно од Судот“, изјави Маричиќ.

Во однос на Драги Рашковски, тој рече, дека ако по одобрение на Судот бил на лекар, тоа е случај со многу други притвореници и затвореници.

„Ниту се случило некое бегство, ниту пак некој бил под таква опасност. Во секој од тие случаи, Судот треба да цени и постапува, исто како и Обвинителството и директорите на затворите, затоа што тие се надлежни за обезбедување на овие лица. Никогаш не треба притворот да биде казна, но мора да биде превентивна мерка против влијаење на сведоци, бегство и повторување на делото и треба системот ефикасно да ги спречува сите овие лица за кои има индиции“, изјави Маричиќ.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе