Најголем дел се од областа на јавниот сообраќај

Над 11 илјади предмети под сомненија за сторени кривични дела примени во ОЈО за помалку од година

Од почетокот на годината во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје се примени 11.224 предмети, од кои пријавени кривични дела се 3.183. Најголем дел од кривичните дела се во областа на јавниот сообраќај ,1.056, потоа кривични дела против имот 838 и 315 против животот и телото, каде влегуваат семејно насилство, тешки телесни повреди и полов напад.

Како што информираат од ОЈО Скопје, останатите дела се под уписникот Р.О. – од анонимни пријавувачи или каде нема доволно дејствија на извршување – 2.358, како К.Д.Н. – дневни настани за кои е задолжено да известува МВР има 3.650 и против непознат сторител има 2.033.

Од ОЈО Скопје велат дека се бележи тенденција на зголемување на бројот на пријави за семејно насилство и тешки телесни повреди, но и оние за полов напад врз малолетници кои не наполниле 14 години. 

Годинава, како што информираат, има и 13 кривични пријави за сторени кривични дела за загадување на животната средина.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе