Сослушување на обвинетиот во „Тортура“

Началникот на СВР Скопје ми даде наредба за приведување на Бошкоски, тврди екскомандантот на „Алфите“

Со сослушување на обвинетиот Ивица Анчевски, денеска продолжи судењето за случајот „Тортура“. На прашање на судот на кој работна позиција работел во 2011 година, обвинетиот рече дека со решение бил дел од Единицата за брзо распоредување – ЕБР, додека со писмена наредба од тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност – БЈБ, Лупчо Тодоровски, бил именуван како командат на единицата „Алфа".

Единицата „Алфа" хиераркиски е поставена во БЈБ, односно СВР Скопје, од кои причини истата не може да биде командувана од друга страна, рече обвинетиот Анчевски.

Тој воедно истакна дека наредби главно добивал од началникот на СВР Скопје, или од Секторот за организиран криминал, односно овие наредби потоа ги давал на раководителите на смени од единицата „Алфа“.

Прв пат за акцијата за приведување на Лубе Бошкоски, тој наведе дека разбрал на 6 јули 2011 година, односно наредбата ја добил од началникот на СВР Скопје.

Обвинетиот Петар Милошевски, посочи дека на 6 јуни 2011 година добил наредба од негов претпоставен да во најбрз можен рок се појави позади Министерството за економија.

Во тој период бил на работна задача тим лидер, односно одговорен за 3-4 полициски службеници.

„Раководителот ни објаснуваше дека ќе се одвива акција каде ќе биде уапсено лице кое има обезбедување и дека најверојатно се работи за дилер на дрога“, изјави обвинетиот Милошевски.

Судењето за случајот „Тортура“, почна во март 2018 година против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на единицата „Алфа“ во МВР, а се однесува на начинот на апсење на Љубе Бошкоски.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе