Судење за масакрот кај Смилковско езеро

Началник од МВР сведок во „Монструм“: Не се допишувале докази за грозоморното убиство на старите записници

Адвокатот Насер Рауфи во постапката за случајот „Монструм“ тврди дека чаура од куршум испукан на 12 април 2012 година како доказ била допишана во вкупниот збир на докази на 17 април, односно четири дена после првиот записник во кој биле запишани 20 чаури најдени на местото на убиството кај Смилковско езеро. Бранителот Рауфи на денешното рочиште за петкратното убиство праша дали со тоа се „мести" обвинетиот Фејзи Азири. Прашањето беше упатено кон сведокот В.М., началник во МВР. 

Сведокот, кој бил началник во МВР во Единицата за истраги, рече дека во неговата кариера никогаш не се случила таква работа и дека за сите нови докази најдени за громорозното убиство, биле изготвувани нови записници.

Судечкиот совет и обвинителите реагираа на ваквото прашање на адвокатот.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи сведокот рече дека не е директно поврзан со возилото „Опел Омега" кое е предмет во истрагата, но дека бил информиран за тоа.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе