Во Кривичен суд

На „Титаник“ се изведуваат докази

Со изведување на материјални докази  денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности, односно за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени 2.750 од околу 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, на почетокот рече дека се продолжува со изведување на докази за злоупотреба на средства за финансирање на политичка кампања од 2013 година. Станува збор за оригинални уплатници од банка од физички лица и правни лица.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Танко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накески, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Сите тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.  

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе