Основен кривичен суд Скопје

На судењето за „ТНТ“ се презентираат материјалните докази

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за „ТНТ" со презентација на дел од материјалните докази на обвинителството, претходно селектирани од обвинителот, а по барање на одбраната.

Ваквиот начин на презентација, информираат од Основниот кривичен суд е со цел економичност на постапката, со оглед да истите докази веќе биле презентирани пред судењето да почне од почеток заради измена на судечкиот совет.

За главната расправа по предметот закажани се повеќе термини во следниот период, за како што информираат од Основниот кривичен суд, да се даде поголем интензитет на судењето.

Случајот „ТНТ" се однесува за уривањето на комплексот „Космос" на инвеститорот Фијат Цановски.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе