На судењето за „Титаник“ сведочеа поранешни новинари од А1 телевизија за аферата „Списоци“

На денешното продолжение од судењето за „Титаник“ како сведоци на обвинителството дојдоа поранешни новинари за затворената А1 телевизија и сведочеа за аферата „Списоци“ од 2011 година.

Младен Чадиковски, како главен и одговорен уредник на Телевизија А1 во 2011 година кажа дека некое време пред изборите добил списоци со имиња на луѓе (дел од нив функционери, дел од гласачи) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека откако изворот им ги доставил списоците заедно со колешките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска одржале колегиум каде е одлучено да се истражи новинарски аферата „Списоци“.

„Почнавме да истражуваме, не сакавме само така да ги објавиме документите. Материјалите ги снимавме тонски преку телефон. Се јавуваме на луѓе од списоците, се преставувавме како дел од Центарот за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ и одговорите беа во насока што ги пишуваше во списоците“, изјави Чадиковски.

Тој во својот исказ уште кажа дека тие материјали ги доставиле за процесирање во ЈО, но дека тој не бил повикан да даде исказ.

На прашање на обвинетата Гордана Јанкулоска, дали во списоците бил некој од обвинетите, сведокот Чадиковски, рече дека „не“.

Сведокот Сашка Цветковска, во својот исказ говореше за содржината и профилот на лицата кој биле дел од списоците.

„Списоците содржеа податоци, од генералии, телефонски броеви и избирачки места каде што треба да гласат. Тие беа лица што благодарение на државниот апарат добивале работни позиции. Бидејќи добивале привилеги од партијата тие имале обврска да донесат 15 или 30 гласови зависно од која позиција се вработени во институциите. Најчесто стануваше збор за раководни лица“, изјави сведокот Цветковска. Дел од списоците, како што наведе таа, биле и од лица од едукативните и здравствените институции.

Според обвинението за случајот „Титаник“ како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе