На судењето за „Плацеви на Водно“ архитект сведочеше за „замолниците од шефот Груевски“

Кој се интересирал и кој барал атрактивните парцели на Водно да влезат во Генералниот и Деталниот урбанистички план, како и за изработката на идејното решение за викенд-куќа со видиковец во Крушево, се прашањата околу кои денеска во Основниот кривичен суд во Скопје сведочеше архитектот Александар Јанакиески, кој работел во Општина Центар во периодот кога биле купувано земјиштето опфатено во случајот „Плацови на Водно“, пренесува 360 Степени. 

Архитектот раскажуваше дека бизнисменот Александар Ивановски – Алек Теранова прв бил во Општина Центар да се распраша за парцелата во месноста Шербетница, за која бизнисменот претходно сведочеше дека ја купил преку фирмата „ИТК инженеринг", по замолница на Сашо Мијалков, како што му рекол, „да се направи тоа за негов пријател".

Покрај со Алек Теранова, кому му укажал дека најголемиот дел од парцелата е надвор од Генералниот урбанистички план (ГУП) и оти поради тоа не може да се планира урбанизација со ДУП, сведокот рече дека разговарал и со Јанакиески.

„Разговаравме со Миле Јанакиески на еден од работните состаноци во Владата каде што се одржуваше Комитетот за градежна експанзија. Ми рече: 'Аце, Алек бил кај тебе, шефот ми спомна (Груевски), заинтересиран е за урбанизација на тој простор'. Бидејќи таму имаше изложено катастарски планови, му посочив за кое земјиште е и дека за тоа треба да има прво промена на ГУП. Во натамошната фаза, Град Скопје го има донесено ГУП-от", рече архитектот потсетувајќи дека тогаш била фаза на носење нов план бидејќи стариот ГУП бил со важност до 2012 година.

Со промените овој реон влегол во ГУП-от донесен од Град Скопје, а следствено на тоа била започната и постапка за носење ДУП од Општина Центар, но тој план понатаму не се донел.

„Општина Центар започна регуларна и законска постапка за изработка на ДУП за тој простор. Потоа следуваше еден состанок на Комитетот за градежна експанзија и на Јанакиески му посочив дека тој план се разработува. Тој ми спомна: 'Аце, шефот замолува да се направат две-три варијанти на тој потег'", сведочеше архитектот.

Тој раскажа дека биле разработени неколку решенија и тие ги разгледувал и Миле Јанакиески, а потоа во процедура влегло едно од нив.

Секогаш кога го споменуваше „шефот", сведокот нагласуваше дека се мисли на Никола Груевски, но тој лично, како што кажа, никогаш не контактирал со него.

Овој сведок зборуваше и за земјиштето во Крушево, кое исто така е дел од обвинението за „Плацовите на Водно", а зад кое, според обвинителството, повторно стои Груевски. Како што сведочеше, Миле Јанакиески ги замолил него и неговата сопруга, која е планер, да изработат план за викенд-куќа и видиковец за таа локација.

„Ме замоли: 'Аце, шефот ме замоли, ако можеш ти и твојата сопруга да направите предлог-идејно решение за овој извод од план'. Ми даде извод од план и мислам дека имаше и елаборат со нумерички податоци", раскажуваше архитектот.

Тој нагласи и дека се сеќава оти носител на имотниот лист бил Ристо Новачевски, кум на Груевски, но тогаш ниту контактирал ниту го познавал тоа лице, а идејното решение, како што рече, „најверојатно го пратил на Јанакиески".

Адвокатот на Груевски, кој е поставен по службена должност, пак, го бранеше својот клиент со прашања дали му било конкретно посочено дека со „шефот" се мисли на Груевски.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе