Во Кривичен суд

На судењето за „Меѓународен сојуз“ обвинителството презентираше докази од МВР

Со презентација на докази од обвинителството денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”, а обвинителката Маја Коневска презентираше материјални докази од извештаите коi обвинителството ги добилo од МВР-БЈБ.

Одбраната на осомничената Фросина Ременски, по презентацијата на овие материјални докази реагираше и истакна дека обвинителството свесно го крши ЗКП и издава наредби за вештачење до МВР на лица за кои судот кажа дека не се вешти лица, не се лиценцирани од Министерството за правда и дека не изготвуваат вешти наоди и мислења, објави МИА.

Првообвинет во овој судски предмет е Бојан Јовановски, кој од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција се сомничи за кривичните дела „измама” и „перење пари”. Меѓу осомничените е и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, која се гони за кривичното дело „измама”.

Следното рочиште за случајот ,,Меѓународен сојуз” е закажено за 24 февруари.

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе