На рочиштето за „ТНТ“ се изведуваат докази

Со изведување докази, односно презентација на снимка од собраниската надзорна расправа за уривањето на објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цановски, денеска продолжи судењето за  предметот „ТНТ“ кој го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми.

Пред почетокот на рочиштето, претседателот на судечкиот совет Ставрев прочита меил од докторката која го прегледала обвинетиот Тони Трајковски за кого потврдува дека е во добра здравствена состојба и дека може да го следи судењето.

Адвокатот на обвинетата Елисавета Најдовска, Мерџан Даути побара од судот да биде прифатен како докоз документот од Агенцијата за вработување што го побарал врз основа на тврдењата на Цаноски на Надзорната расправа во Собранието дека доколку се урне објектот ќе останат без работа 300 работници.

За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе