Судот го прифати обвинението за настаните од 27 април

На Ристовски, Јанакиески, Вељаноски и Атанасовски ќе им се суди за 27 април

На поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, актуелниот пратеник и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе им се суди за организација на настаните од 27 април 2017 година во законодавниот дом.

Советот за оцена на обвинителниот акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, се одобрува во целост.

„Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

По веќе оценетиот обвинителен акт, како што велат од Судот, формиран е кривично- правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе