За случајот „Тврдина 2“

На поранешниот разузнавач Грујевски ќе му се суди во отсуство за незаконското прислушување

На екс-началникот на Петтата управа Горан Грујевски, кој е во бегство во Грција, ќе му се суди во отсуство во случајот „Тврдина 2", каде е првообвинет заедно со уште шест вработени во УБК за уништување на службената опрема и документација поврзана со незаконското прислушување. 

Судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, на почетокот на денешното рочиште, го прифати предлогот на јавниот обвинител и донесе одлука на обвинетиот Горан Грујевски да му се суди во отсуство.

„Имајќи ги предвид изнесените ставови судот донесе решение да се прифати предлогот на ЈО за судење во отсуство. Истиот не е достапен на органите на прогон на Република Северна Македонија. По пресудата на Врховниот суд на Република Грција против негова екстрадиција се наоѓа на слобода, поради што е неизвесно неговото обезбедување во постапката, а имајќи ја предвид сериозноста на делото што му се става и опасноста од застарување, дополнително што обвинетиот има право на повторување на постапката, сметам дека се исполнети условите за отпочнување на главна расправа“, изјави судијката Јосифовиќ.

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов, претходно ги отфрли како небулозни тезите на одбраната дека поради укинатиот екстрадициски притвор во Република Грција на бегалецот Горан Грујевски не може да му се суди во нашата земја.

„Барам на обвинетиот Грујевски да му се суди во отсуство", изјави Пеливанов.
Бранителот на обвинетиот, адвокатот Петар Василев посочи дека барањето за екстрадиција на Горан Грујевски е одбиено од Врховниот суд на Грција.

„После одбивањето на барањето за екстрадиција државата која го барала тоа лице не може да му суди за истото дело за кое барала екстрадиција“, изјави Василевски.

Бранителот се повика и го цитираше членот 77 од Законот за меѓународна правна помош во кривична материја.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2" им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Според обвинителниот акт Грујевски се гони за уништување на документација поврзана со системот за следење на комуникациите.

„Грујевски издал наредба за ништење на деловодните книги во 2015 година, по што сега обвинетите согласно пописната листа пристапиле кон уништувањето на списите, кое се извршило во базата Петровец. По што на 26.6.2015 сега осудените на обвинетиот Горан Грујевски му доставиле потврда дека на 24.6. 2015 се уништени сите акти“, изјави Пеливанов.

Се пристапува кон изведување на материјални докази, предложени од СЈО.
Во моментов од судењето се исклучува јавноста поради изведување на класифицирани докази, кои од МВР биле декласифицирани и им бил променет степенот во докази со ограничена употреба само за потребите на судската постапка.

Следното рочиште е закажано за 15 април и би требало да продолжи со сослушување на сведоци.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе